Демант на Проданоски за објавата на infomax.mk

Сподели на:

Денес со демант се огласи и Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски кој вчера беше мета на лажни вести и клевети од страна на порталот infomax.mk. Имено, на порталот беа изнесени лаги и клевети кои имаа за цел да му наштетат на угледот на Дејан Проданоски, една од лагите беше и фотографија која била споделена од друг facebook профил со исто име и презиме, а беше прикажана како да ја споделил Проданоски погледнете и сами:

Во продолжение ви го прикажуваме целосниот демнат:

Почитувани,

Сакам да ве известам дека во текот на вчерашниот ден, на порталот infomax.mk и емисија на нивниот youtube канал беше направен обид да се наштети на мојот углед и чест преку изнесување крајно невистинити клевети и лаги. Ваков обид е направен и претходно од уште еден прилепски новинар. Одговорност за вака изнесените лаги и клевети ќе има! Во интерес на вистината, денес испратив барање за јавно извинување и демант согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, па доколку не биде постапено по моето барање постапката за докажување на вистината ќе ја продолжам на суд! Навистина е жално користејќи некаква слика објавена на фб профил од друго лице и некакви слики кои немаат допирна точка со реалноста, да се прави ваков мизерен обид за мое оцрнување. Ваквите веќе видени и познати методи кои не се ништо друго освен израз на немоќ и слабост, не поминуваат повеќе кај граѓаните! Стравот кај СДС е голем затоа што ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе излезе како двоен победник на претстојните избори. Продолжуваме и понатаму да работиме одговорно, чесно и транспарентно во интерес на сите граѓани.

Сподели на:

Слични Објави