До кога одговорните службени лица и институции ќе го дозволуваат ова однесување на поединци, кои демонстрираат сила и моќ во градот, а со тоа го загрозуваат слободното и безбедно движење на сите мои сограѓани праша Јовчески

Сподели на:

Во изминативе неколку месеци се случија бројни настани во кои  беа нападнати службени лица на кои што за жал му беа нанесени тешки телесни повреди,  на своите работни места и извршувајќи ги своите работни задачи.

Оружје, дрога, запалени возила и насилници го преплавија градот,  а вакво нешто е едноставно недозволиво !

Јавно прашувам,  до кога одговорните службени лица и институции ќе го дозволуваат ова однесување на поединци, кои демонстрираат сила и моќ во градот, а со тоа го загрозуваат слободното и безбедно движење на сите мои сограѓани.

Апелирам до Министерството за внатрешни работи итно и неодложно да ги преземат сите потребни мерки за заштита на граѓаните. Наша основна обврска е да направиме се што е потребно секој жител да се чуствува безбеден и сигурен во сопствениот град.

Прилепчани го бараат и го заслужуваат тоа!“

Сподели на:

Слични Објави