Државата ќе застане во одбрана на човековите права на Македонците од Егејот
Министерот за надворешни работи на Тимчо Муцунски во текот на вчерашниот ден во знак на поддршка на Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија го посети нивното седиште „Беломорски клуб читална“ во Скопје. На состанокот со претставниците на здруженијата министерот истакна дека лично тој како и институциите на државата ќе застанат во одбрана на човековите права на Македонците од Егејот и ќе реагираат со сите дозволени политички средства кон меѓународните фактори како и кон институциите на Грција за неправдата и штетата која е нанесена кон активистите на Македонците од Егејот со неоснованите забрани за влез во Грција.
Македонците од Егејот преку своите здруженија во претстојниот период ќе побараат прием во амбасадата на Грција, Канцеларијата на ЕУ и Хелсиншкиот комитет во Македонија при што ќе вложат протестни писма за последните изречени забрани за влез во Грција на нивни активисти меѓу кои и координторот на здруженијата Сотир Лукровки. Соработка и мостови нудиме ние, идеи за приближувања на двата народа, но наидуваме за жал на спуштени рампи, истакнаа од Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.