Фатен крадец на дело во Прилеп, следува соодветна пријава
На 22.09.2023 во 23.00 часот на ул.„Јане Сандански“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(38) од Прилеп.
Како што соопшти МВР, тој бил затекнат при извршување кражба во соблекувална на спортска сала на основно училиште. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопствениците.Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.