Кривична пријава за труски државјанин: Фалсификувал „зелена карта“
Регионален центар за Гранични работи Исток поднесе кривична пријави против К.Ф.(27) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 24.09.2024 на Граничниот премин Деве Баир, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал, соопшти МВР.