Лажно се претставила и земала мито за вработување во МВР
Во периодот од 11.2021 до 01.22 Битолчанката М.Л (39) лажно се претставувала дека работи во МВР и земала поткуп за да вработува, односно извршила измама на жителка на Ресен со тоа што и и ветила дека ќе го вработи сопругот за 3000 евра поткуп. МВР поднесе кривична пријава до основното јавно обвинителство Ресен за М.Л од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело измама.