Мицкоски повика на обединување, само така ќе и тргне на Македонија

Сподели на:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше гостин во емисијата Што не е јасно на Алфа ТВ, каде дискутираше околу актуелните случувања, резултатите од пописот, протести, продажба на историјата и т.н.

Мицкоски потенцираше дека, Народот во Македонија е уморен од политичарите и од ниските страсти во политиката и продолжува да се дели, а тоа не е добро.

Нас ни треба во овие тешки времиња на сериозна економска криза, на сериозна национална криза, на сериозна криза која што веќе подолго време владее да се обединиме а не да продолжиме да се делиме и мислам денеска и тоа го зборувавме на прес конференцијата дека од поделби ние страдаме иако јас длабоко ценам дека треба од сето ова да извлечеме поука и да се обединиме околу политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега за да може на државата да и тргне, да може на Македонија да и тргне, порача Мицкоски.

Во прдолжение погледнете ја целата емисија Што не е јасно со Христијан Мицкоски

Сподели на:

Слични Објави