Мицкоски: Ветив работа за народот и тоа го остваруваме – нови 630 вработувања со инвестицијата од Алказар енерџи
Од македонскиот ветер, инвестиција во енергетиката за повеќе пари во македонскиот буџет. Ветив работа за народот и тоа го остваруваме, порача утрово на својот ФБ профил новиот премиер Христијан Мицкоски. – Денес објава на инвестиција од Алказар енерџи, oд околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македонија. струја за 100 000 македонски домаќинства од овие ветерници. 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови.
Приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава, нови 630 вработувања, најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници. – Инвестиции за подобар животен стандард.