Младинскиот клуб во Гермијан е целосно реконструиран изјави Стевановски
Руинираниот објект во с. Гермијан е целосно реконструиран и обновен и денеска беше свечено пуштен во употреба во присуство на младите и жителите на село Гермијан.
-На барање на младите и на жителите на село Гермијан целосно го реконструиравме стариот распаднат и руиниран објект. Комплетно го исчистивме стариот објект, ги реновиравме ѕидовите, ја заменивме старата со нова ПВЦ дограма и внатрешно го уредивме со кујна, шанк и останат потребен мебел, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Реновирањето на ентериерот на Младинскиот клуб во Гермијан изнесува 443. 487,50 денари плус ДДВ, средства обезбедени од буџетот на Општина Новаци.