|

НА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ДОДЕЛЕНИ СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП

Сподели на:

Пред само еден месец Советот на Општина Прилеп донесе одлука за доделување на стипендии на студентите кои ќе ги исполнат условите и ќе студираат на Економскиот факултет во Прилеп, како што тогаш изјави Претседателот на совет Дејан Проданоски: Доделување на 10 стипендии за најдобри ученици и 10 стипендии за ученици од социјален ризик со ниски примања во семејството за студирање на Економски Факултет Прилеп.

Пред присутните на првиот академски час се обрати и Градоначалникот Борче Јовчески:

Чест ми е што денеска сум тука заедно со Вас на Првиот акедемски час! Драго ми е што во олкав број ја одбравте оваа наша високобразовна институција, што го одбравте Економскиот фактултет – Прилеп за Ваша идна надоградба и останавте, или пак дојдовте во Прилеп, за да продолжите да го градите Вашето знаење во една од најинтересните општествени сфери, двигател на општеството – економијата!

Но, студирањето и стекнувањето со универзитетска диплома мора да знаете дека не е само едноставно собирање на искуства по патот на добивањето на квалитетни теоретски и применливи знаења, туку тоа е испреплетено со истрајност, посветеност и многу животни одрекувања. Нeмa лeceн пaт дo нayкaтa. И, тоа треба да го знаете и да се вреднува. Бидејќи, денеска во ова ново, дигитално и динамично време постојано се бара доусовршување и залагање за надградба бидејќи часовникот на едукацијата никогаш не застанува. Денес ја започнувате вашата трка по знаења во која од ден на ден ќе бидете се побогати. Стекнатите знаења тука ќе ви дадат можност да се соочите со предизвиците на новото време кое се темели на деловна соработка, бизнис и кариерен развој. Вие сте нашиот најсилен партнер во креирање на политиките и во локалната заедница и во битката кон подобра иднина и подобро утре на целокупното општество. Вие сте нашата двигателна сила, затоа, собирајте знаења по патот на студирањето и станете добри и едуцирани членови во нашата заедница. Затоа, Општина Прилеп во соработка со Економскиот факултет Прилеп одлучи што повеќе да Ве мотивира и да ја оправда општествената одговорност кон младите луѓе. Со одлука помината на Советот на Општина Прилеп, Локалната самоуправа од оваа академска година доделува стипендии на 20 студенти кои ќе одлучат своето академско усовршување да го започнат тука, во оваа наша реномирана високообразовна институција Економскиот факултет – Прилеп. Јавниот повик сакам да ве информирам дека сеуште трае, а денес ќе ми биде посебна чест што како градоначалник на Прилеп, лично, на првиот академски час, ќе ги доделам и првите ваучери на студентите кои се пријавија на повикот, а останатите ги охрабрувам да се пријават и да ја искористат можноста за стипендирање преку нашата Општина. Нека ви е честита и успешна новата академска година!

Сподели на:

Слични Објави