Никола Зисов со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на социјалните мрежи
Поранешниот Претседател на општинскиот комитет Крушево при ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на социјалните мрежи со повик за поддршка на листите на ВМРО-ДПМНЕ:
Полека се приближуваме кон вториот круг за гласање на Претседателските и Парламентарните избори каде што несомнено ВМРО ДПМНЕ ќе ги прегази СДСМ и останата свита на власт со над 200 000 гласови разлика. Граѓаните на Републиката ќе ни ја дадат довербата и идната Влада ќе биде формирана од ВМРО ДПМНЕ на чело со нашиот лидер проф. д-р Hristijan Mickoski! Почитувани идни функционери, пратеници и останати општествени донесувачи на одлуки Ве замолувам во име на сите, немојте да избегате од основните принципи на чесност, искреност и работливост, немојте да се доведеме до ситуација на 2017 / 2018 год. Лично сум убеден дека оваа генерација на политичари ќе донесе трансформација во Република Македонија и ќе биде пристојна земја за живот во неа!Со почит од еден обичен смртник. Секогаш Ваш Никола Зисов!Нека ни е Вечно ВМРО ДПМНЕ!Нека ни е Вечна Република Македонија!