Нов скандал! МВР потпишале договор со фирма која е под истрага за лажирање на ПЦР тестови
Нов скандал го тресе МВР имено, МВР за наредните три години потпиша рамковна спогодба за здравствени систематски прегледи и со Ели-медика од Струмица за чија подружница во Гевгелија обвинителството се уште има отворено истрага поради сомневање дека издавала лажни ПЦР тестови во казината во близина на границата со Грција.
Ели медика го добила тендерот за здравствени прегледи на полициските специјалци, за полицајците во СВР Тетово, СВР Струмица и гранични полицајци на западната граница.
договорот меѓу фирмата чија лабораторија е осомничена дека издава лажни ПЦР уверенија и МВР изнесува 16,75 милиони денари, или околу 272 илјади евра односно 800 денари за еден систематски преглед за полицаец.