Нови инвестиции во ООУ „Рампо Левката“

Сподели на:

Нови инвестиции во образовните институции во Прилеп односно во ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп каде во посета беше и градоначалникот Јовчески каде и изјави: Општина Прилеп останува партнер на младите и затоа заедно со директорите на училиштата остануваме посветени во подобрување на воспитно-образовниот процес и условите за работа. Поставена е ограда околу спортското игралиште. Поставени се нови керамички плочки на скалите и влезот на училиштето. Поставени се нови смарт табли и лед сијалици во ходниците. Поставена е нова електрична инсталација за поголема безбедност во сите училници во училиштето. Во оваа 2023 година во ООУ „Рампо Левката“ имаме инвестирано околу 1.700.000 денари, што навистина ги оправдува нашите ветувања дека имаме сериозен пристап кон сите училишта и имаме реални и остварливи проекти. Сигурен сум дека со континуирано вложување и инвестирање во сите образовни институции позитивно ќе влијаеме на нашите најмлади, затоа што знаењето е основен предуслов за правилен раст и развој на една личност.

Сподели на:

Слични Објави