Орце Ѓорѓиевски во спортски жаргон, постигна гол
На седницата на совет на Општина Кисела Вода, Градоначалникот беше нападнат од страна на советникот за партиски вработувања, и наводно роднински вработувања кои тој ги демантира на многу брутален начин односно како што тој рече во спортски жаргон постигна гол. Ѓорѓиевски изјави дека сите негови предходници – градоначалници на Кисела Вода имале поголем број на вработувања со договор на дело и дека последниот негов предходник Филип Темелковски имал 64 редовни вработувања и 84 договори на дело и со тоа го оштетил буџетот на Општина Кисела Вода со 3.781.690 евра за партиски вработувања односно како што вика Ѓорѓиевски една фекална канализација во Припор или Бабин дол, населби во Општина Кисела Вода.
Во продолжение ви ја прикажуваме објавата на социјалните мрежи и целосната изјава на Градоначалникот на Општина Кисела Вода:
Како што е чесна и транспарентна мојата работа, како што сѐ е достапно за увид на граѓаните, сметам дека треба да бидат запознаени и за тоа што се случувало во изминатите 4 години во општина Кисела Вода, како се краделе граѓаните и нивните пари.Очајниот обид на СДСМ со паушални прес-конференции да наштетат на мојот углед, на општината и на мојот тим, резултираше со ,,статива”, а сакаа да постигнат гол, жаргонски кажано.Е сега следува голот.Имено, кога сме кај вработувањата:- Ѓорѓе Арсов, градоначалник на Кисела Вода во 2005-та имал 36 вработувања, Марјан Ѓорчев, градоначалник во 2009-та година – 38.Билјана Беличанец, сега покојна – 23 вработувања и убедливиот рекордер кој најверојатно Гинис треба да го запише и има колку сите претходни заедно, Филип Темелковски со 64 редовни вработувања и 84 договори на дело! Само шефот на кабинет земал 90.000 денари месечно!Или да бидеме попрецизни, тоа се 3.781.690 евра за партиски вработувања! Тоа на пример, фекалната канализација во Припор, Бабин Дол е 3 милиони евра. Една фекална кализација ставиле во џеб!И тие пари ќе ги враќаат, затоа е болката сега.Дополнително, за тоа што се обидуваат да го извалкаат моето презиме наводно со роднински вработувања, одговорно тврдам дека не е точно и за тоа ќе биде покрената тужба!И кон советникот кој ја изнесе оваа лага, но и кон претставникот на политичката партија СДСМ.Јас сум горд на мојот тим, не се колебав кога го бирав, составен е од професионалци и застанувам позади нив како што тие стојат цврсто зад мене! – Изјави Ѓорѓиевски