Пензионерите на 7-ми ноември најавуваат масовен протест во Скопје

Сподели на:

Крајно понижувачкиот игнорантски однос и цинизам на власта кој пензионерите го трпат веќе три месеци, на 7-ми ноември ќе резултира со нов, масовен протест на пензионерите од цела Македонија во Скопје. Ова е одлуката од Координативната средба на претставниците од сите Иницијативни одбори од државава која се одржа во Свети Николе. Пензионерите велат дека овој пат целта им е со сета неправда што им се случува да ги запознаат и амабасадите во земјава, и ЕУ, најмногу заради пристисоците што ги трпеле секојдневно и кои станувале се’ пожестоки, објавува ТВ Алфа.

„Имаме и премногу шиканирања на она што го работиме, меѓутоа ние сме и понатаму сплотени сите од сите градови во државава и ќе одиме до крај. А тоа до крај значи барање во најраток временски рок да се изврши ревизија во сите 53 општински здруженија, да се види работата досега, и останатите барања како стандард кои веќе пошироката јавност во државава ги знае“, кажа Кире Василевски, пензионер од Велес.Чувствувајќи се како граѓани од најдолен ред, небаре биле само бескорисен товар за сопствената држава, иако цел свој живот го вложиле во неа, македонските пензионери велат дека можеби најдобро би било власта да ги исели, бидејќи со 12.000 ден. овде повеќе не можеле ни да преживеат.„Доколку не успеат на друг начин да ни помогнат, тогаш нека ни донесат 100 авиона во Скопје и сите ние кои сме пензионери со мали пензии од 12.000-15.000 денари, да не качат во авионите и нека не однесат во Америка и во Европа за да можеме барем таму да проживееме некоја година, затоа што овде со 12.000 денари, тешко ќе можеме да преживееме“, – рече Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе.Пензионерските протести започнаа во Прилеп на почетокот од август, по што се проширија низ целата земја. Првичните барања беа линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари, за сега таа сума, заради огромната скапотија која и понатаму дивее, да се искачи на 5.000 денари. Последната пензија на пензионерите им беше зголемена за само 5,2 проценти, иако првично им беа најавени околу 7 проценти покачување, што уште повеќе го зголеми нивниот револт. Освен секојдневните локални, досега се одржаа и два големи протести во Скопје.

Сподели на:

Слични Објави