Проданоски: Нека благодатта на Пресвета Богородица не штити и води низ животот!
ЗА МНОГУ ГОДИНИ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА!
Нека празникот ви донесе мир, радост и благосостојба. Денешниот ден е потсетник на чудото на воскресението и на силата на верата.Како што сведочи Светото Писмо:„Телото на Богородица било положено во гробот на Гетсиманската градина… Третиот ден по погребот, кога апостолите го отвориле гробот, телото не било внатре. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото.“
Нека благодатта на Пресвета Богородица не штити и води низ животот! – напиша Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски.