Проданоски објави дека од следниот месец 15.000 прилепчани ќе добијат повисока пензија
Почитувани, на мое огромно задоволство, сакам да ве известам дека денес во собранието беше изгласано едно од главните ветувања во предизборната кампања, линеарното покачување на пензиите. Тоа значи дека 330.000 пензионери на ниво на држава, односно повеќе од 15.000 пензионери во Прилеп, веќе следниот месец ќе добијат покачена пензија за 2500 денари. Во март следува и второто покачување за дополнителни 2500 денари. На ваков начин уште во првата година од мандатот на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се реализира едно големо предизборно ветување. Аирлија нека е! На сите пензионери им посакувам уште долги години да си ја користат во добро здравје заслужената пензија. Продолжуваме со работа во интерес на сите наши граѓани! – стои во ФБ објавата на Дејан Проданоски пратеник во собранието на Република Македонија.