Проданоски со отворена покана за 23ти Октомври!
Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и претседател на советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски денес на социјалните мрежи објави отворена покана за празнување на 23ти Октомври. Со утрешната атлетска трка ,,Че трчаме” започнува и празничната агенда во Прилеп.
Проданоски објави: Почитувани, Ве покануваме на заедничко чествување на празникот 23-ти Октомври почнувајќи од утре со следната агенда: 22.10.2023 (недела): 9:00ч – Трка ,,Че трчаме” во центарот на градот
23.10..2023 (понеделник) Полагање цвеќе пред спомениците на:
09:30 – Методија Андонов-Ченто
09:40 – Ѓорче Петров
09:50 – Пере Тошев
10:00 – во храмот ,,Св.Благовештение” на гробот на Пере Тошев
19:30ч трибина во Општинската сала.