Проданоски: Трудот на тутунарите ќе биде валоризиран, вреднуван и ќе имаат гарантиран откуп по реална цена
Почитувани,
Денес сакам да обзнанам и објавам голема победа на тутунарите, земјоделците и успешната земјоделска политика на Владата. После непосредни консултации со тутунарите, денес сакаме да објавиме дека ја заштитуваме маката и трудот на тутунарите. Нивниот труд ќе биде валоризиран, вреднуван и ќе имаат гарантиран откуп по реална цена. Со предложените измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи покажуваме дека знаеме, сакаме и умееме да ги решаваме проблемите на тутунарите.Најголемото и најоправдано барање на тутунопроизводителите – забрана за увоз на необработен тутун во време на откуп – конечно е прифатено и правно се регулира. Од 16 ноември до 28 февруари, додека трае откупот, домашниот тутун добива приоритет. Со ова директно се заштитува трудот на македонскиот тутунопроизводител и се спречува нелојална конкуренција.Законот носи и ред во секторот:
– Се уредуваат условите за откуп, со јасни критериуми за простории и опрема – нема повеќе импровизации.
– Воведена е строга евиденција преку ИСЕТ системот, каде мора да се внесуваат податоци за секој грам тутун – домашен, увезен, обработен.
– Предвидени се и прецизни казни – за оние кои ќе се обидат да работат без регистрација, без сертификати или ќе го прекршат законот.Ова се мерки што носат ред, транспарентност и фер пазар. А уште поважно – не создаваат дополнителни обврски или трошоци за фирмите. Напротив, државата обезбедува средства за надзор – 1 милион денари за контрола и мониторинг. Треба да се истакне и пошироката слика: оваа година имавме одлична откупна цена, навремено започнат откуп, 100 денари субвенции по килограм – сето тоа е резултат на добро менаџирана политика која ја враќа сигурноста на македонските земјоделци. Со законот: – Се штити домашното производство – Се воспоставува ред и сигурност – Се зголемува довербата во институциите – Се унапредува професионализацијата на откупот – И се обезбедува фер натпревар за сите Ова не е само законска измена – ова е вистински системски чекор за враќање на достоинството на тутунопроизводителот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вакви решенија – конкретни, одлучни и во корист на народот. Затоа сме тука – да работиме, да исправаме неправди и да создадеме сигурна иднина за секој еден граѓанин!