Продолжи асфалтирањето на улици во Прилеп

Сподели на:

Денес локалната самоуправа продлжи со рехабилитација и асфалтирање на улиците низ Прилеп. Денес на ред беа улиците кај кружниот ток кај болницата.

Продолжуваме со градежните активности согласно предвидената динамика! Патната мрежа во општина Прилеп, ја подобруваме рамномерно, со тоа што приоритетни се оние улици каде што со децении наназад не е направена никаква инвестиција и градежна активност. Со рехабилитација на патната инфраструктура ќе продолжиме во сите останати месни и урбани заедници. Работиме онака како што ветивме, посветено за Прилеп! Изјави градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески!

Сподели на:

Слични Објави