Ристески: За Онкологија мора да има одговорност! Немањето одговорност одзеде 100тина животи!
На денешната седница на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, зеде збор и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески и се осврна на случајот за Онкологија, ви го пренесуваме во целост:
Петар Ристески: Во реплика, случајот УК за Онкологија не е скандал, не е афера тоа е организирано масовно убиство и мора да има одговорност. Мора да понесат морална, политичка, кривична одговорност, сторителите, директорите, министрите за здравство, премиерот па и цела влада. Немањето одговорност е една од главните причини што за многу кратко време ни се случуваат катастрофи како Ласкарци, Беса травел, модуларна болница Тетово каде што со живот платија 74 лица, а со случајот на УК за Онкологија не ни знаеме колку лица се жртви на криминалот, корупцијата, монструозната желба за пари! Одговорност мора да има и ќе има, за човечки животи се работи! За Онкологија мора да има одговорност! Немањето одговорност одзеде 100тина животи.