Се санира обиколниот пат до градските гробишта
ЈКП,, Комуналец”- Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа, деновиве работат на санирање на обиколниот пат на Новите Градски гробишта. Се ризла се тампонира дел од проблематичниот пристапниот пат, кој почесто се оштетува од поројните дождови. Јавното претпријатие во иднина ќе врши редовно санирање на овој пристапен пат до гробиштата, за да не дојде до големи оштетувања на истиот.




