Силен циклон се очекува во Грција, одложете го одморот!
Не само во Македонија, туку и во целиот регион, под влијание на многу силен циклон, мај минува со многу променливо време и посвежи температури од просекот за овој период од годината.До средината на оваа недела и на грчкото крајбрежје се очекува многу променливо време, особено на подрачјето на Јонското Море и на Халкидики.
Грција на почетокот на неделава ќе биде под влијание на силен циклон со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи. Најобилни врнежи се очекуваат на островите во Јонско Море и на северозападниот брег, на север и североисток и на подрачјето на Халкидики и Олимпискиот регион.На одредени локации се очекуваат и над 100-150 литри на метар квадратен, особено во северозападните предели на Грција, со можност за локални поплави и порои. Ќе дува силен и бурен јужен ветер кој ќе носи повеќеметарски бранови.По средината на оваа недела се очекува стабилизирање на времето. Грчкото крајбрежје ќе има сончево и топло време со температура од 24 до 30°C, а посвежо ќе биде само на островите во Егејското Море, со температури до 22°C, пред се поради ефектот на ладење од постуденото море.Потоа до крајот на мај се очекува претежно сончево и топло време со умерен, а на островите и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде претежно од 25 до 30°С.