Службеници во влада патувале во Бугарија на трошок на државата како новинари
Вработени во владината служба за општи и заеднички работи, како новинари, на државен трошок престојуваа во Бугарија три дена. Тие наводно отишле да присуствуваат и да информираат за првата меѓувладина седница меѓу Владатите на Македонија и Бугарија.
Шестмина вработени во Владата, меѓу кои и шефот на службата, обезбедиле шест хотелски соби и превоз со возила од Владата. Иако активностите за меѓувладината седница траеле два дена, од 24 до 25 јануари, лицата во Бугарија престојувале три дена, од 24 до 26 јануари.