Стомачен вирус ги преполни амбулантите
Дежурните амбуланти преполни со деца кои имаат стомачни вирози проследени со болка во стомакот, повраќање и дијареа.
Трендот на вирози се очекува да продолжи и со стартот на учебната година, објаснуваат педијатрите. Доктор Софијанова од Клиниката за детски болести како совет објаснува дека во тој момент е најважно детето да се рехидрира.
Професор Софијанова вели дека дека родителите да бидат внимателни и со суплементите за подобар имунитет со старот на учебната година и учењето во затворени простории. Докторите велат дебелината станува нова пандемија во светски размери и кај младите кои се почесто се пациенти со срцеви заболувања, висок притисок и дијабет.