Странска инвестиција во енергетиката од 450 милиони евра во првите работни денови од владата

Сподели на:

-Уште на почетокот ќе бидете сведоци, ќе имаме една огромна странска инвестиција во делот на енергетиката. Таа би требало да се случи уште во првите два три работни дена на новата влада, со што Македонија ќе биде енергетски независна. Зборувам во нето, ќе име периоди од годината кога ќе се увезува, периоди кога ќе извезува, но генерално тоа што го произведува тоа и ќе го троши. Зборувам како бројка, ако 7 терават саати произведува 7 терават саати ќе ги троши. Можеби во одредени периоди во зима ќе увезува, а во одредени периоди во лето ќе извезува, но генерално ќе бидеме избалансирани, што за прв пат ќе ни се случи после раните деведесетите години од минатиот век, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Република Македонија во своето гостување во централниот дневник на телевизија Сител и додаде:

-Тоа е огромна инвестиција во обновливата енергија, 400- 450 милиони евра нешто што се нема случено во регионот и тоа претставува мој личен приоритет, час поскоро таа инвестиција да се заврши. Тоа само ќе покаже кои се вистинските намери на оваа влада и јас тука немам никаква дилема дека во тој дух ќе продолжиме. Мицкоски во текот на своето гостување најави дека следуваат две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции.

-Потоа следат две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции во првите сто дена кои што ќе го прошират својот производствен капацитет и конечно милијардата која што веќе ја најавував, тоа е влада со влада кредит кој што ќе значи голема ликвидност за буџетот и пари кои што ќе бидат наменети за капитални инвестиции, кажа Мицкоски.

Сподели на:

Слични Објави