СВЕТОТ ПИШУВА ЗА МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ИЗГРАДБАТА НА НАЈГОЛЕМАТА ВЕТРОЕЛЕКТРАНА – ИНВЕСТИЦИЈАТА КОЈА ЈА НАЈАВИ МИЦКОСКИ!

Сподели на:

Повеќе светски реноминари медими како Washington post, AP, Reuters, ABC известија за мега проектот кој го најави македонската влада за изградба на најголемата ветроелектрана во земјава чиј инвеститор е „Alcazar Energy Partners“

Премиерот Христијан Мицкоски на самата свеченост објави дека ова е една од најголемите инвестиции од вакот тип во овој дел на Европа и дека освен што ќе ја зголеми енергетската независност ќе поттикне и други странски инвестиции да ја одберат Македонија како своја дестинација. Притоа премиерот кажа дека оваа инвестиција ќе овозможи вработување за нешто над 600 лица.

„Ова ќе биде најголемата инвестиција во обновливи извори на енергија која некогаш сме ја имале, рече Мицкоски“. Ветроелектраната, која ќе биде лоцирана во југоисточниот дел на земјата, ќе биде една од најголемите во Западниот Балкан, со капацитет за производство до 400 мегавати обновлива енергија. Градежните работи се очекува да започнат на почетокот на 2026 година. Откако ќе стане оперативна, ветроелектраната се предвидува да произведува доволно енергија за снабдување на над 100.000 домаќинства.

Сподели на:

Слични Објави