Таравари именуваше директори на десет здравствени институции
Министерството за здравство информира дека министерот Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи: Центар за јавно здравје Скопје – Муамет Демири
Клиничка болница Штип – Владко Захариев Општа болница Кичево – Маја Цветановска Трајковска Општа болница Струга – Владимир Бунчевски Општа болница со проширена дејност Дебар – Севдије Коџа Здравствен дом Струга – Арбен Лабеништа Психијатриска болница Демир Хисар – Жан Лозановски Центар за јавно здравје Куманово – Херољинд Сакипи
Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево Благоја Китановски Универзитетска клиника за урологија – Башким Шабани