Учениците ќе имаат пролетен распуст, но учебната година ќе заврши подоцна

Сподели на:

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година. Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.

Сподели на:

Слични Објави