Вчера и денес штрајкуваат членовите на УПОЗ синдикатот
Вчера и денес, во период од два часа штрајкуваа членовите на УПОЗ синдикатот во цела држава, па така и во Прилеп дел од вработените во институциите излегоја пред нивните институции и го искажаа своето незадоволство и барање до владата. На протестот беа забележани вработени во Фондот за здравство, ПИОМ, Локална самоуправа и други.
Пред најваениот штрајк, од УПОЗ излегоја со изјава
22.03.2022 година
Наместо во овој период да се одржуваат редовни средби со синдикатите и да се најдат решенија за исплата на минималната плата и скалесто усогласување на останатите плати, Владата на Р.Македонија го прекина социјалниот дијалог.
На девет дена пред месец април и исплата на новата вредност на минималната плата, Владата се уште не измени ниту еден посебен закон во кој се регулираат платите на вработените во управата и правосудството.
Без да се направат законски измени, ниту еден вработен во управата и правосудството нема да ја добие новата вредност на минималната плата и повторно само овие вработени како и до сега ќе останат со плата под минималната плата.