Велковски: Пензионерите ќе добијат покачување од 5.000 денари уште во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели на:

Денеска сме во Ѓорче Петров каде што направивме средба со пензионерите и ги истакнаа сите проблеми со кои се соочуваат како пензионери и тоа од немањето капацитети во старските домови, до поддршката која треба да си ја имаат како стари лица, ова денеска во изјава за медиумите го вели дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

„Она што е главно барање на нив е висината на нивните пензии кои што верувајте се многу мали, односно дури две третини од пензионерите во Македонија и тука во Ѓорче Петров имаат пензии под минималната плата, односно под 20 илјади денари и тоа е главното нивно прашање дали 5 илјади денари кои се предвидени во изборната кампања ќе бидат испочитувани и дадени во првата година“, вели Велковски.Тој додава дека тоа е ветување кое можат да го дадат и дека тие пет илјади денари ќе бидат основица на нивните пензии уште во првата година од овој мандат.

Сподели на:

Слични Објави