Во Идризово бил ископан тунел за бегство
Денес, затворската полиција во Идризово направила акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Неофицијално, во акцијата е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостасувале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а во кој имаше и потпорни греди. Осветлувањето било решено со пуштен кабел со светилки.