„3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп

Сподели на:

Централната манифестација и доделувањето на наградите се одржа вечерва во Центарот за култура Марко Цепенков, во Прилеп по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.

Награда за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:

• Академик д-р Валентин Мирчески- особен придонес во природно-математички и биотехнички науки

• Примариус специјалист д-р Благоја Дамески- особен придонес во медицината и општественото живеење

• Диме Попоски- особен придонес во музиката, режијата и филмот

Награди -плакети по повод „3-ти Ноември“ -Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:

• The Hounds – петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија

• GENTHERM – општествено одговорна компанија

• Младинска екипа на ФК Победа – афирмација на спортот во Европа

• Територијална противпожарна единица Прилеп – надчовечки напори за заштита на населението и околината

• Технобен Нова Прилеп – развивање на современи трендови во индустријата

• Слаткарница ,,Шар”- 60 години јубилеј

• ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп – хуманитарно работење во својата дејност

• Група верни пријатели на манастирот Трескавец – помагање и одржување на духовната врска

• Пчеларско здружение ,,Братство” – 70 години јубилејНагради -дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:

• Петар Мирчески – бронзен медал на хемиска олимпијада

• Наде Караџоска – истражувачка дејност во сите области на библиотекарството

• Теодора Димеска – женски репрезентативец на Македонија во џудо• Татјана Иваноска – посветено работење со млади уметници

• Хари Сековски – хуманитарец од дијаспората

• Елизабета Настеска – совесно работење во службата

Сподели на:

Слични Објави