Прилеп избран за најзелен и најчист град во Македонија
Општина Прилеп, избрана за најзелена општина за доброто управување со отпадот, односно примената на селекција на отпадот
Европската канцеларија во државава, ја прогласи Општина Прилеп за најзелена општина, односно, на градов му припадна честа да биде избран за најдобрите практики во управувањето со отпадот.
Прогласувањето за најзелена општина во конкуренција на предселекција на 8 најдобри општини го изврши ЕУ амбаасадорот Дејвид Гир, со откривање на обележје во холот на Општина Прилеп, заедно со градоначалникот Борче Јовчески, а во присуство на министерот за Животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик министерот за Локална самоуправа Зоран Димитровски, градоначалници од соседните општини и бројни гости кои работат и творат на темата отпад.
,, Општина Прилеп, е пример во регионот за најдобри практики во областа на управувањето со отпадот, посебно што сте успеале да ја примените селекцијата на отпадот, а за кој проект сте потрошиле многу труд, работа и желба да успеете. Ви посакувам да истраете на овој зцртан пат и да продолжите со заложбите за да ја изградите фабриката за селекција на отпад. Мораме сите заеднички да работиме на зачувувувањето на животната средина, а ЕУ, секогаш ќе поддржува проекти кои се од интерес за граѓаните,, – истакна во своето обраќање ЕУ амбасадорот Дејвид Гир.
,,Честа е моја и на сите прилепчани што сме прогласени за најзелена општина во Република Македонија. Заштитата на животната средина е еден од клучните приоритети на политиките на Европската унија, па затоа Делегацијата на ЕУ сака да ја подигне јавната свест за добрите општински практики и иницијативи. Верувам дека ваквите позитивни примери може да мотивираат одговорно однесување на граѓаните кон животната средина. Наградата ја добиваме заслужно, и таа е мотив повеќе дека сме на вистинскиот пат да успееме како заедница. Веќе е воспоставен балансот помеѓу потребите на населението, потребите на јавното комунално претпријатие и приватниот сектор, сето тоа ќе го негуваме, модернизираме и надоградуваме, се со цел да ги задоволиме потребите на населението кое покажа, покажува и ќе покажува во иднина дека желбата за чиста и здрава животна средина има цврст и стабилен темел, а во иднина да ја примениме и зелената технологија и економија,,- рече во обраќањето градоначалникот Борче Јовчески. Тој упати посебна честитка до вработените во ЈКП,, Комуналец’’,за нивната несебична работа и пожртвуваност, и до грѓаните и бизнис секторот кои практицираат селекција на отпад со цел заштита на животната средина преку заштедување на природните ресурси.
Во рамките на Проектот ,, ЕУ за општините’’ се одржа и Панел дискусија, на која директорот на ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, Рубин Абрашоски потенцираше дека заслугата за примената и имплементирањето на селекцијата на отпадот припаѓа на вработените од ,,Комуналец’’, но во примената на добрите практики за управување со отпадот тој ги пофали и граѓаните кои несебично се трудат да селектираат отпад.
Воедно, Абрашоски најави изградба и поставување на полуподземни контејнери во централното градско подрачје, како и набавка на машини за рефундирање на пари, како награда за граѓаните кои сакаат да селектираат отпад и апликација со проекти од ЕУ фондовите , со цел да се догради фабриката за селекција на отпадот која е започната до депонијата во Алинци.
Василиус Папатанасиу од општината Кожани од Република Грција, имаше целосна презентација на нивното управување со отпадот, каде е применета примарната и секундарната селекција, а депонирањето се одвива во санитарна депонија. Тој изрази несебична подршка на градоначалникот Борче Јовчески и јавното претпријатие да истраат во заложбите. При тоа, истакнувајќи дека имплеметацијата за рециклирање на отпадот е долг и макотрпен процес, односно дека кај нив овој проект е започнат во 1997 година, за да резултира денес со модерна фабрика за секундарна селекција на отпад, компостирање на биоразградливиот отпад и издвојување на проблематични отпадни материјали како што е градежниот шут, габаритниот отпад и електичните и електронски уреди за кои се потребни посебни правила на одвојување на корисни материјали, односно уништување на некорисните по посебни законски правила и методи.
Посебно вниманието на панелистите го привлече говорот на Филип Иваноски, менаџер во Пакомак, кој истакна дека секоја власт мора да се стреми и да биде на цврст став при вработувањето на кадрите да се води сметка тие да се од струката и докажани професионалци при вработувањето во јавната администрација, да не се оптеретуваат буџетите со беспотребно фрлени пари само во плати, туку да се води сметка со имплементација на материјални проекти кои се од корист за граѓаните. Комуналното прилепско претпријатие го посочи како добар пример на Балканот како и со мануелана доселекција се успева. Односно,комуналното претпријатие со минимум соспствени финасиски средства, добра организација и многу работа се создаде добар пример дека и невозможното станува возможно ако се сака.
Инаку, според официјалните податоци од Пакомак за 2021, Општина Прилеп, е далеку пред другите градови во селектирањето на отпадот. Прилепски Комуналец, само преку Пакомак, има регистрирано 126.950 тони селектиран отпад од пластика, 570.340 тони хартија или вкупно 697.290 тони отпад , кој го евидентирал само Пакомак, не вклучувајќи го останатиот селектиран отпад. Oд вкупниот собран селектиран отпад од пакување од 1.743.532 тони по градови, на ниво на држава, прилепското јавно претпријатие селектирало 697.290 тони, или 40 % од целокупниот селектиран отпад , евидентиран преку Пакомак . Значи 60% селектираат сите македонски општини , додека 40% се селектира само во Општина Прилеп. За сето ова сакам уште еднаш да упатам јавна благодарност до сите наши сограѓани како и до сите вработени на ЈКП ,,Комуналец’’- Прилеп.
Проектот за селектирање на корисни отпадни материјали во Прилеп е започнат на 2 август во 2008 година, со примена на контејнерска селекција по Јавно прометните површини, институциите и бизнис секторот и со континуирани кампањи за едукација на населението.Додека куќната селекција по принципот „врата до врата“, се имплементира од 2012 година, и досега во домаќинствата доставени се 22.157 канти за отпадоци во жолта и зелена боја со селекција на сува и влажна постапка, и со континуирани кампањи за едукација на таргет групи.