Прилепчани го празнуваа Св. Никола во центарот на градот
Традицијата продолжува! Како и секоја година на 19ти Декември се празнува големиот празник Св. Никола, кој е заштитник на Прилеп. Денес во центарот на Прилеп се собраа прилепчани да го одбележат празникот и да се помолат пред малиот параклис на Св. Никола. Оваа година домаќин беше прилепската текстилна фабрика Комфи Ангел.
По повод одбележувањето на градската слава, утрово во црквата „Свето Благовештение“ се одржува празнична литургија, а потоа празнувањето ќе продолжи пред параклисот на свети Никола во центарот на градот, каде што ќе се изврши водосвет и прережување на славскиот колач.