|

„Светот на Биби“ во друштво со најголемите светски брендови

Сподели на:

Јунаците од „Светот на Биби“, главната протагонистка Биби со другарот Боби, и целата шаренолика дружина – жирафата Жижи, чудовиштето Деси, диносаурусот Даро, сирената Сребра, Зази и Зина, вампирчето Бу, Филимена, снешкото Гого и сите други ликови и широката палета на разни активности, игри, боенки, играчки ќе се лансира на еден од реномираните пан-европски настани за лиценцирање на брендови – „Бренд лајсенсинг Јуроп“ во Лондон. Манифестацијата ќе трае од 4 до 6 октомври. Првпат на овој настан за бренд лиценцирање ќе се претстави бренд од Македонија. Всушност, „Светот на Биби“ ќе има и штанд и ќе овозможи македонски производи да се промовираат пред лондонската публика и светските брендови. Да се биде дел од една ваква манифестација од светски размери е навистина голем чекор.„Светот на Биби“ ќе биде во друштво со „Ворнер Брос“, „Марвел“, „Стар Ворс“, „Хасбро“, „Фантастикс“, „СЕГА“ , „Пепа Прасе“, „Барби“, „Фортнајт“, „Штрумфови“, „Капком“, „Јубисофт“, „Вајдбреин“, „МГА ентертејмент“, „Мател“, „Парамут“, „Покемон“ и многу други светски брендови.

Сподели на:

Слични Објави