Традиционална прослава на патронот на Прилеп Св. Никола

Сподели на:

Традицијата претставува идентитет на секоја држава, а нешто што не прави горди нас како прилепчани е токму ова, чувањето и негувањето на вистинските вредности, верата, традицијата и историјата. Нека е за многу години денeшниот голем христијански празник-Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски!
Како што знаеме да кажеме во Прилеп на денешен ден секој прилепчанец го празнува овој светол празник, или чекајќи слава во својот дом или пак одејќи на гости.
Св. Никола е посебен ден и добар патоказ за да ги чуваме корените, а посебно кога ќе се земе во предвид дека тој е заштитник на сиромашните, на немоќните и морепловците. Оваа година во Прилеп 17-ти пат  по ред го славиме патронот на нашиот град. Оваа година домаќини беа Теракота, за следната година ќе биди компанијата Комфи Ангел.

Сподели на:

Слични Објави