Градоначалникот и директорот на водовод направија увид на денешните теренски активности

Сподели на:

Градоначалникот Јовчески заедно со директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп Игор Гулабоски, направија увид на денешните теренски активности кои што се во интерес на граѓаните со цел непречено обезбедување на питка вода до секој корисник. Реконструкција на ул. „Илија Игески“ во должина од 220м, во која што е предвидено промена на стара азбесна водоводна мрежа која што има профил Ф50 цевка, со нова Ф90 полиетиленска цевка. Исто така паралелно се работи и на една од најстарите водоводни линии во општина Прилеп на улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ каде што во тек е реконструкција во должина од 80 метри на која што се опфатени 10 приклучоци и старата водоводна мрежа се заменува со нова Ф63 полиетиленска линија.

Сподели на:

Слични Објави