Владата не превзеде ништо, маслото за готвење поскапи за 50 денари, кризата продолжува
Владата не превзеде ништо, маслото за готвење поскапи за 50 денари, народот се соочува со криза, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Маслото за готвење од ист производител за период од неколку недели од 85 денари се покачи на 134 денари продажна цена во маркетите.
Покачувањето на цените на маслото за готвење е резултат на лошите политики на власта пред се. Доколку на време се обезбедеше суровина за домашните компании, се договореше увоз и квоти, како и да се фиксираа цените, но и да се наполнеа државните резерви, маслото за готвење ќе беше на цена како пред кризата.
Скапите цени се резултат на лош менаџмент од страна на власта, истакнуваат од партијата.
Од таму додаваат дека неспособноста на власта сега донесе поскапо брашно за 40%, поскап леб за 110%, поскапи горива за 70%.
-И додека цените секој ден се сè повисоки, платите не се зголемија ниту еднаш. Владата да се посвети на решавање на кризата и на реални мерки кои ќе донесат подобар стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ.