СОНК продолжува со штрајк
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) најави продолжување на генералениот штрајк на своето членство во градинките, основното и средното образование поради нивните барања за усогласување на платите во просветниот сектор со минималната плата.
– До овој момент немаме вземен договор со ресорните министри околу нашите барања, очекуваме потврда за средба во попладневните часови, но конкретни информации засега нема ништо. Нашето очекување е дека во интерес на децата во училиштата и колегите кои штрајкуваат, Владата ќе изнајде сили да направи напори да ги усогласи нашите побарувања на СОНК во однос на усогласување на минималната плата на национално ниво. И секако очекуваме договор на динамика за усогласување на платите во образованието во текот на оваа година и годините што ќе следат – изјави предпладнево на прес конференција претеседателот на СОНК Јаким Неделков.
Првиот човек на СОНК, Јоаким Неделков истакна дека засега останува штрајкот на просветните работници во сила, појаснувајќи дека денес попладне и утре јавноста ќе биде информирана за напредокот на разговорите со Владата.