50 годишнен јубилеј од основањето на Друштвото за наука и уметност Прилеп
Денес имав чест да присуствувам на 50 годишниот јубилеј од основањето на Друштвото за наука и уметност Прилеп.
Истакнав дека сум горд што тука имаме едно од двете вакви друштва кои што функционираат во Република Македонија, во кои што членуваат и работат луѓе од областа на уметноста, науката, културата, економијата и кои што сигурен сум дека придонесуваат и ќе продолжат да придонесуваат за уште поголем развој во стопанството на нашиот град.
Се надевам дека ќе имаме успешна и плодна соработка во иднина со нас како Локална самоуправа за сите идеи и проекти кои што ќе произлезат од Друштвото изјави Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески.
Во рамките на овој настан имаше и промоција на книгите „Списание на трудови на ДНУ-Прилеп 2021“ и „Сеќавања 1971 – 2021“.