Николоски ќе ги предводи протестите на тутунарите доколку владата не ги исплати субвенциите
Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Николоски:
-Можам со гордост да кажам, не само како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, исто така како носител на четвртата изборна единица што значи дека јас мојот мандат како пратеник го влечам од гласовите кои што ги добивме четвртата изборна единица сум исклучително задоволен од работата на градоначалниците кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ во целата четврта изборна единица, во рамки на можностите и во рамки на оваа криза која што се случува и ограничени финансии навистина прават максимум за да релаизираат проекти.
Тука во Прилеп имаме навистина една сериозна промена која што се чувствува и во односот кон граѓаните и во решавањето на проблемите, а секако и во инфраструктурата. Периодот е краток некаде се само шест, седум месеци, веројатно ќе треба уште некое време за целосно да се видат резултатите, но ако денот по утрото се познава стартот е исклучително добар.
Би сакал и една, две централни теми да искоментирам. Првата е поврзана со земјоделието и земјоделците. Би сакал да апелирам да се исплатата субвенциите за тутун затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутун онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а дополнително и основните цени беа спуштени, на тоа уште и да не се се исплаќаат субвенциите мислам дека е свесно алудирање во земјоделците и во производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој што предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз, но во суштина зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци со тоа што немаат редовен откуп и со тоа што не може пристојно нормално да живеат и функционираат.
Втората работа која што сакам од тука да ја споменам е дека за некаде од 18тина дена, тоа е за три саботи од денес ќе се случи голем општо народен митинг на кој што очекуваме десетици, па можеби и стотици илјади граѓани да дојдат и да јасно пред Владата на Република Македонија побараат предвремени парламентарни избори на кои што ќе се реши оваа политичка, економска и национална криза.
Би сакал да ги повикам сите граѓани од тука од Прилеп, но и од цела Македонија да ни се приклучат. Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза. Премногу време се изгуби ни е од април апелираме да се седне и да се разговара и да се формираат четири тима во четирите болни области тоа се финансиите, спорот со Бугарија и евроинтеграциите, здравството и секако образованието. Но, за жал нема одговор од СДСМ и ДУИ, овој митинг е едно сериозно предупредување и порака што е желба на народот и после да одиме на предвремени парламентарни избори за излез од кризата, заклучи Николоски.