Ако нема избори целосна блокада на државата, барам од сите личен ангажман за борба против предавствата изјави Мицкоски на протестот

Сподели на:

E поради ова вечерва сме тука! И Да! Премногу е народе на Македонија! Премногу е од судбини во грч, од бескрајно чекање и од огромна сиромаштија! Премногу е да гледаме како нашата Македонија се разградува камен по камен, натопена со страдања, с со бесконечно чекање. И да Премногу е! Ова што вечерва го сведочам се вашите судбини, голиот живот, маката на народот…, вака стојот вечерашен говор го започна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Впрочем поради токму заради тоа сакав на почетокот од овој величествен собир да ви се обратам од асфалтот, од пред зградата на Владата – како еден од илјадниците граѓани, како прв меѓу еднаквите кој ја доби големата одговорност да го предводи народот со бајракот на слободата кон промени и подобра иднина за нашата Македонија! Кој друг ако не ние!? И тука сум за сиве овие лица кои уште еднаш нè уверија дека е премногу. Меѓутоа, тука сум и за секој еден од вас, во ваше име и за нашите заеднички судбини.  Рамо до рамо, едни до други и силно сплотени во никогаш поголем број од претходно. Посилни од кога било! Мотивирани! Подготвени. За Иднинаа! За Промении! А за кого? За нашата Македонија! Добровечер Македонијо! Добровечер верен народе кој е на нозе, горд, исправен и кој доаѓа да си го земе она што му припаѓа! Тоа е слободата. Слободата на Македонија. „Ќе нè има ли тогаш кога ќе нè нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да нè има?“ Е – вечерва мој народе – нè има и затоа нема да не нема! Македонија е жива и ја има, многу ја има. Тука сме собрани илјадници. Реки граѓани исправени и со гордо кренати глави, со име, со чест, со пркост, со емоција и со волја за борба која мора да донесе промени. Никогаш Македонија не видела толку многу болка како овие години и затоа никогаш Македонија не видела толку многу луѓе што вечерва ги преполнуваат улиците на главниот град овде во Скопје, од исток, запад, од север, од југ, од цнетар. Преполно е Скопје! Овој татнеж на судбини и крици на лична бол заради грдата реалност која ја создадоа ќе ги пробуди овие заспани бирократи во оваа влада овде наспроти нас! Доаѓа крајот на овие нечесни луѓе од Владата какви досега овие три децении не сме виделе! Од денес па натаму, нашиот глас ќе татни низ градовите и низ селата, низ цела Македонија. Како громогласно ехо тргнуваме да ја освоиме победата што ни припаѓа! Нека се чуе на сите страни дека во Македонија – во нашата Македонија – се случува народ. Раскажете ја вистината за луѓето што дадоа многу во името на ветувањата за некаква посреќна иднина, а не добија ништо! И денес оваа одлучност за промени е толку голема затоа што народот веќе нема што повеќе да загуби, живеејќи во време кога загуби речиси сè. Власта удри по стандардот, по образованието, по земјоделството. Силно се удира по економијата и по перспективите на овие младите луѓе. Булеварите, раскрсниците и плоштадите се полнат со луѓе кои секојдневно просат затоа што загубиле речиси сè. Контејнерите се пребарувани од луѓе од разни нации и припадности бидејќи гладот не знае за вера или нација, вели Мицкоски.

Тој додава дека денот за власта е ден поминат во луксузни автомобили, ручеци со златни виљушки и чинии какви купуваа, а денот пак за обичниот народ е ден за борба со голиот живот, борба за опстанок да се преживее и да се дочека следното утро. Таква е реалноста во нашата Македонија. Тешка и мачна. Денес сум овде пред вас затоа што јас ја имам одговорноста да се борам и да ветувам, се обврзувам и гарантирам дека нема да разочарам. Вие сте мојот мотив и ова е мојата сила! Ова е мојата Македонија. Тие ги имаат институциите, а јас со вас, сме заедно народот! Ова вечерва е глас на народот против неправдите и лошиот живот.

-Не можам да ви опишам каква неизмерна чест, какво задоволство и каква одговорност е за мене тоа што се одваживте да дојдете. Ви благодарам за ова што го правите оваа вечер, ви благодарам што независно од сите закани, притисоци и уцени на власта вие стоите овде со мене за заедно да ги менуваме работите на подобро. Подавам рака за овој договор. Заедно да ги менуваме работите на подобро. Го имате мојот чесен збор и на илјадниците други наши сограѓани што одлучија да останат дома пред екраните, а кои, исто така не се чувствуваат толку комотно, ама во срцата знаат дека промени мора да има. Сите ние заедно, обединети зад знамето на Македонија порачуваме дека промени мора да има. Знајте оваа битка ја водам и за вас! И вашата поддршка се смета во процесот кој ќе заврши со смена на оваа власт. Поддршката на секој е неопходна бидејќи големата цел е пораз на СДСМ и казна за погрешните политики на оваа разуздана, криминална и предавничка власт! И за премиерот кој се смее на тоа дека оваа преубава земја била Западна Бугарија. И тој нека знае дека ова парче земја за мене и за вас, за нас била и ќе остане нашата мајка Македонија! Тоа е таа драги пријатели огромна љубов која што  ја сакаме до болка. И за која сме гласни! И за која сонуваме! И за која мечтаеме до нашиот последен здив. Љутков тоа многу подобро од мене го изведе. Но, не може да помине овој мој говор ако и јас не го повторам големиот Анте Поповски. На овој даб името ќe ти го напишам дождовите да го симнат жедните в земја да ги напоиш. На оваа нива грутка од тебе ќe посеам класатка да никне со неа внучињата да ни ги храниш. На овој рид ќe те оставам и кога ќe заминам пак да те гледам Голема. Нашата Македонија… Ова е Македонија! Ова е нејзиниот народ! Победуваме! Луѓето ми велат зошто толку си се насочил за рушење на власта кога можеш веднаш да се иселиш, да заминеш од овде и да имаш подобар живот. Иако е ова прашање кратко, суштината зошто сум тука е повеќекратна и таа се одговора освен со разум и со многу срце, љубов и емоција! Вечерва стоиме пред Владата која е единствен причинител за сите наши несреќи и колективни разочарувања. Меѓутоа, вечерва мотивот зошто сме тука е и поради причината кои сме ние и што сме како луѓе, од што сме направени како народ и како земја со свои корени,  традиција, историја, култура и преданија . На само 50 метри од тука е Споменикот на ослободителите на Скопје. Секоја фигура извајана во бронза е таму затоа што заслугата тие луѓе ја добиле со својата крв, бескомпромисната верба во идејата и љубовта кон слободата.  Тие беа синовите на илинденците кои ја раѓаа идејата за слободна и независна Македонија. А нивната смрт беше примерот по кој се раѓаа нови синови и ќерки на борбата кои го чуваа пламенот за Македонија. Затоа нашата обврска кон таа генерација е поголема од секоја друга суета, секоја друга препрека која ни стои на патот, и во тоа лежи нашиот порив и нашата сила, нашата огромна македонска сила, вели Мицкоски.

Тој додава дека, а на само половина километар одовде на плоштадот чие име е Македонија, пред 31 година на 8 септември исто така имаше огромни реки народ собрани да ја прослават независноста. Впрочем, јас во моите 44 години живот паметам два собира на кои се собрал толку многу народ.

-Тоа е тој 8 септември, и овој величествен собир  оваа вечер денес! И овие два народни собира иако имаа комплетно различни намери и улоги, имаат и една сличност. На собирот на 8 септември 1991, јас како 13-годишно момче ја споделував заедничката емоција на среќа, ентузијазам и колективна еуфорија дека најпосле, по вековна борба и пролеана пот и крв, доаѓаме до тоа да бидеме свои на своето. Магијата на тој собир не беше само заокруженото ливче на огромното мнозинство на граѓани и самиот референдум, туку надежта, копнежот и оптимизмот што секој еден човек го имаше таа ноќ дека најпосле ќе ни тргне како народ и како држава, дека ќе имаме свои институции, дека ќе бидеме креатори на сопствената судбина и одговорни за колективната среќа. Дека светот ќе нè распознае и разликува од останатите по нашиот идентитет што го носиме, дека ќе патуваме со македонски пасош, дека ќе се радуваме на успесите на македонските репрезентации, ќе стоиме достоинствено на нашата македонска химна, дека ќе градиме наши институции, наша држава, наша економија… Го живеевме сонот на многу генерации кои пред нас не успеаја, а се надеваа. Тоа беше големата експлозија преку која се создаваше нашиот универзум за кој сонувавме. 31 година подоцна, драги пријатели  вториот најголем собир за кој паметам е овој денес. Меѓутоа, овој пат како 44-годишен маж кој ја  споделува истата енергија како сите вас тука, оваа вечер на овој 18 јуни, лето господово 2022. Доколку тој 8 септември беше собир на надеж, овој денешен народен собир е поради револтот и разочарувања во  овие 31 година, како и поради разорните последни 5 години од вашите животи. Тоа значи дека оваа земја е дојдена до работ, на многумина им е прекипено од предолгите очекувања и разочараните надежи. Многумина велат доста е, државата е уништена. И навистина е Премногу. Меѓутоа, има и нешто што е заедничко за овие два големи собири. Тогаш на 8 септември 91-та,  и денес 18 јуни, 31 година потоа, народот е на нозе и на улица затоа што сака да се бори. Народот сака борба. Народот сака да се избори за својата Македонија. И тогаш драги пријатели и сега заедничка е борбата за Македонија. А, јас сум тука затоа што ќе се бориме бидејќи другиот избор е Македонија да ја нема повеќе. Да не постои.Секој поминат ден со СДСМ и ДУИ на власт сме поблиску до последниот ден на нашата татковина. Или ќе се бориме и ќе победиме или Македонија ќе ја нема, запаметете што ви велам. Или ќе се бориме и ќе победиме или ќе ја нема Македонија. Имаме ли избор? Ова мора да му биде јасно на секого, како што мора на сите да ни биде јасно дека нè има и уште повеќе ќе нè гледаат насекаде, истакна Мицкоски.

Сподели на:

Слични Објави