После протестот, денес лидерска средба Ковачевски – Мицкоски
По барање на премиерот Димитар Ковачевски денес во 15:00 часот ќе се одржи лидерска средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. На лидерската средба, премиерот и лидерот на опозицијата ќе дискутираат околу францускиот предлог.
Средбата, ќе се одржи во 15:00 часот во Клуб на пратеници.
На протестот од 18 јуни, Мицкоски рече дека со Ковачевски би се сретнал само за од него да побара да се оддржат предвремени парламентарни избори, така што, се очекува тоа да биде позицијата на Мицкоски денеска.
Мицкоски беше присутен на опозицискиот протест пред владата на кој присуствуваа повеќе од 70.000 граѓани, пред протестот изјави дека не е можно да не се послушаат барањата на толкав број на граѓани кои кажуваат „Не“ на ултуматумот од Бугарија и ЕУ.