|

Вчера цела Македонија на Пиво Фест Прилеп (фото)

Сподели на:

По три дена извонредна атмосфера, илјадници расположени посетители и вљубеници во пивото и добрата музика, исклучителни забави на музичките ѕвезди, фестивалот на пивото и скарата, Пиво Фест 2022, синоќа кулминираше со сиот свој сјај.

Одличната забава кој ја создаде Ламбе Алабаковски, групата Некст Тајм, кои го подигнаа националното чуство и го развиорија македонското знаме на сцената, роматничниот настап на Лозано и настапот на енергичната музичка група Суперхикс, ја подигнаа атмосферата на Пиво Фестот на највисоко ниво, а босанскиот пејач Хари Мата Хари и Вера Јанковиќ само создадоа уште подобро  расположение кај публиката нанајголемото забавно–музичко случување во Македонија, Пиво Фест 2022.

Градоначалникот на Прилеп, БорчеЈовчески, истакна дека фестивалот овие три дена се одржува без проблеми, весело и со многу гости.  „Посетители имаме од сите градови на Македонија, а исто така имаме и странци и иселеници, кои дошле токму во градот под Марковите кули затоа што слушнале за добрата забава која се организира на Пиво Фест. Се надевам дека и оваа, четврта вечер, ќе измине во прекрасна забава и сите  на крајот ќе понесеме убав  спомен од Пиво фестот во Прилеп!“ рече Јовчески.

Недела, 17 јули, програмата на главна сцена започнува во 18:45 часот, а настапуваат: Никола Зацевски, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Темпера, Меморија, Галија, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Babura Junior.

Сподели на:

Слични Објави