Мерете го вашиот крвен притисок, контролирајте го, живејте подолго
По повод Светскиот ден на хипертензија се одржа едукативна трибина во организација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Централната комисија за здравство во соработка со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, во Градската библиотека ,,Борка Талески” – Прилеп под мотото „Мерете го вашиот крвен притисок, контролирајте го, живејте подолго”. На оваа трибина свое професионално и стручно излагање имаа д-р Игор Николов, д-р Трајче Ржаникоски, д-р Кире Јоноски, д-р Билјана Кржеска, д-р Мелина Кузмановкска Димитровска и Светлана Колариќ, доктор по ветеринарна медицина – област безбедност и квалитет на храна. Присутните имаа можност да слушнат многу корисни совети во врска со оваа проблематика, која се јавува како еден од почестите здравствени проблеми со кои се соочува населението во Македонија.