Трговски центар во Белград евакуиран
Трговскиот центар во Белград БЕО денес беше евакуиран, бидејќи се вклучил алармот. Граѓаните најпрвин мислеле дека се работи за дојава за бомба, но, како што пишуваат српските медиуми според информациите од Министерството за внатрешни работи на Србија, алармот се вактивирал случајно. „Нема простор за паника. Се е во ред, алармот се вклучил случајно“, изјавија од МВР на Србија. Претходно, на страницата „Мој Београд“ беше објавена вест за евакуација на трговскиот центар. „Нешто се случува во трговскиот центар Бео, луѓето почнаа да трчаат, никој не знае што е тоа. Веројатно се работи за уште една дојава за бомба“, пишува на страницата „Мој Белград“.