Вперени цевки, солзавец и тензии на Косово
Косовската полиција утрово фрли солзавец кон вработените во општина Звечан кои во неколку наврати се обидоа да влезат во зградата.Како што јави Радио-телевизија Србија, вработените во неколку наврати се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата. Вработените во таа општина претходно беа пропуштени од војниците на КФОР, кои од утрово се распоредени пред општинската зграда, вооружени и со опрема да ги разбијат демонстрациите. Претставниците на Српската листа, Горан Ракиќ, Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ пристигнале пред зградата и разговараат со претставници на косовската полиција, јавува РТС.Според косовскиот портал Kоха.нет, Ракиќ и Симиќ поставиле две барања за заминување на демонстрантите од зградата на општина Звечан, каде што се собраа да протестираат.