Трајанов: Мицкоски не прифати уставни измени, СДСМ спинува и ја манипулира јавноста
Пратеникот во македнското собрание и доскорешен владин партнер Павле Трајанов во видео интервју за порталот „Република“, вели дека тврдењата на СДСМ во јавноста оти на лидерската средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прифатил уставните измени се класишен спин и класична манипулација.“Секојдневните настапи на Ковачевски и другите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле промена на Уставот тоа го злоупотребуват. Не сакаат да ги слушнат другите барања бидејќи тоа е еден пакет кој треба да се направи за да се дојде до прифатливо решение и да не се блокираат евринтеграциските процеси. Но, тоа ќе трае кратко, граѓаните ќе видат дека тоа е класична манипулација и спинови се со цел да ù наштети на опозицијата. Ковачевски целосно ја злоупотреби идејата за национално единство и нема искрени намери за широка влада, посебно не да се откаже од неговиот стратешки партнер ДУИ. Владата на СДСМ со ДУИ е во комплетен пад, нема поддршка од граѓаните кај кои постои разочарување, револт и бес. СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ. Артан Груби во суштина е премиер на Владата. И тука е огромното незадоволство. Не може да се случи мнозинкиот народ да биде згазен од одредена политичка партија. Ако 90 пратеници се од мнозинскиот народ, а 20 или 30 пратеници се под команда на ДУИ, како тие да имаат монопол на целокупните процеси. Ја заглавија државата. Имаме процес на дуизација на државата. И другите партии што се дел од владата имаат крајно фундамeнталистички настап и сакаат да предизвикаат меѓуверски или меѓуетнички и национален судир. Затоа настапуваат екстремно, поставуват барања кои не се прифатливи, но нивните барања многу брзо ги имплементираат Ковачевски и СДСМ. Тоа е клучниот проблем во државата. Јас сум за градење на македонско национално единство”, вели Трајанов за „Република“.
Претседателот на Демократски сојуз, во продолжение на интервјуто вели дека не можел да одлучи кој повеќе лаже во СДСМ, Заев или Ковачевски.