18 годишна девојка загина на патот Македонски Брод – Прилеп
Вчера 28.08.2023 во 21 часот на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, во с. Долнени, патничко моторно возило голф со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М. (18) од с.Пешталево, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С. (18) од Прилеп.